Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари работна средба со Боро Мирчески, началник за дијаспора при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија

Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска во Скопје, оствари работна средба со Боро Мирчески, началник за дијаспора при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, разговаравме за состојбите на Македонското Национално Малцинство во Република Албанија и активностите на Македонското друштво “Илинден”-Тирана.

Мојот ценет соговорник го информирав за состојбата на македонското национално малцинство во Албанија. Посебно го нагласив фактот дека како друштвото активно се грижи за правата и положбата на Македонците во Албанија, како и за чувањето на македонската култура и традиции, информираше Ѓурѓај.

Му подарив примероци од Македонскиот весник “Илинден”.