Претседателот на Собранието на Македонија, Џафери ствари средба со членовите на Управниот одбор на Парламентарниот Институт од Албанија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со членовите на Управниот одбор на Парламентарниот Институт од Република Албанија. Претседателот Џафери им посака добродојде на пратениците и им посака успешна студиска посета во Собранието и Парламентарниот Институт.  Целта на ова студиска посета е да се добијат позитивни искуства како функционира Парламентарниот Институт во Собранието на Република Македонија.

Претседателот Џафери ги информираше гостите дека Институтот е формиран пред 10 години и успешно изготвува компаративни анализи, статистики и истражувања за  пратениците и собраниската служба. Претседателот се осврна на независноста на Собранието и тоа во три столба: буџетска независност, независна служба и независно внатрешно обезбедување. Во контекст на буџетската независност сега Собранието има право на независно одлучување кога е потребно ново вработување без да бара дозвола од Министерството за Финансии и од МИОА, додека фазите на селектирање да одат според процедурите од МИОА.

Во однос на буџетот на Собранието, за кој претходно одлучуваше Владата и имаше право да го скрати буџетот на Собранието без претходно консултирање со Собранието, сега, заради буџетската независност, доколку има потреба од кратење на буџетот прво Владата треба да побара писмена согласност од Собранието.

Во однос на независноста на обезбедувањето на Собранието, претседателот се осврна на иницијалната фаза за осамостојување на обезбедувањето и ја подвлече  неодамнешната студиска посета во Бундестагот, во насока на преземање на искуства од Германија. Тој ги информираше гостите и за новата дигитализирана сала во која се водат седниците и многу ја олеснува работата на самите пратеницие и на службата, како и за новата интернет страница на Собранието и новиот Е-парламент.

Г-ѓа Етилда Ѓонај, претседателка на Управниот одбор на ПИ. Најпрво му се заблагодари на претседателот за гостопримството и на можноста да го посетат ПИ во Собранието на Република  Македонија и лично да се запознаат со работата на Институтот и да споделат искуства со колегите. Г-на Момак искажа позитивен став во однос на интеграцијата во ЕУ за Албанија и Македонија. Соговорниците се согласија дека соработката е на високо ниво но дека секогаш има простор и за продлабочување имајќи го предвид фактот дека сме блиску територијално и дека негуваме добри соседски односи.