Претседателот на Собранието на Република Македонија ќе ги посети Македонците во Мала Преспа

Претседателот на Собранието на Република Македонија на покана на претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи од денеска ќе биде во официјална посета. Според програмата за посета, предвидени се средби со претседателот на Собранието,Грамоз Ручи, со претседателот на државата, Илир Мета, заменик-претседателот на Влада, Сенида Меси и претседателот на Демократската партија,  Лулзим Баша. Покрај средбите со државниот врв, претседателот на Собранието, ќе оствари средба и со македонското малцинство во Пустец, Мала Преспа.

Advertisement