Претставници на македонските иселенеци во Германија имаа средба во македонската амбасада

Претставници на македонските иселенеци во Германија имаа средба во македонската амбасада која, по тој повод, на Фејсбук објави соопштение:

Средба во Амбасадата во насока на поврзување на претставници на организации на македонската дијаспора во Германија од македонска и албанска етничка припадност и дискусија и размена на идеи за можностите за вмрежување, потенцијалот за идна соработка за заеднички проекти во иднина кои би биле финансирани од германски институции, а кои би биле од корист за сите припадници на нашата дијаспора.

Благодарност до Претседателот на Zentralrat der Makedonen in Deutschland Централниот совет на Македонците во Германија Роберт Кленкоски што на негова иницијатива несебично сподели идеи и информации за актуелни и идни можности за соработка и за финансирање проекти и со претставници на организации на сонародниците од албанска етничка припадност. Им посакуваме успешна идна соработка и проекти и уште многу заеднички и помасовни средби и иницијативи за доброто на сите македоснки државјани во Германија.

Амбасадата е секогаш отворена за организациите и здруженијата на дијаспората и стои на располагање за поддршка согласно своите ингеренции, ресурси и капацитети за доброто на сите граѓани без оглед на било каква припадност. Едно од богатствата на нашата земја е токму мултиетничкиот карактер што треба да се искористи за доброто на сите бидејќи сите граѓани во дијаспората имаат исти потреби, предизвици или проблеми, а со заеднички сили секогаш може подобро да се успее!

Advertisement