Претставници на Македонците од Албанија и Бугарија учествуваат на Форумот за малцински прашања при Обединетите Нации во Женева

Фото: Васил Стерјовски

Претставници на Македонците од Албанија и Бугарија учествуваат на Форумот за малцински прашања при Обединетите Нации во Женева, Швајцарија. Вчера, претседателот на единствената политичка партија на Македонците во Албанија

Македонска алијанса за европска интеграција, м-р Васил Стерјовски и претседателот на единствената политичка партија на Македонците во Бугарија, ОМО “Илинден”-Пирин проф.д-р Стојко Стојков, заедно со шефот на Постојаната мисија на Светскиот Македонски Конгрес при ООН во Женева, Златко Николовски остварија средба со Специјалниот известувач на Обединетите Нации за малцински прашања во Женева, Швајцарија.

Вчера во Обединетите Нации имавме извонредна можност, средба со Специјалниот известувач на ООН за малцински прашања, кој даде силна поддршка за нашите залагања и напори за унапредување на правата и слободите на Македонците во Албанија и Бугарија, – изјавија Стерјовски и Стојков.

На Форумот за малцински прашања при ООН, пак, денес, Васил Стерјовски и Стојко Стојков повторно го издигнаа гласот на Македонците во Албанија и Бугарија, споделувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат и барајќи конкретни чекори за подобра заштита и почитување на човековите и граѓанските права и слободи на Македонците во Албанија и Бугарија.