Пристигна Благодатниот оган во Македонија

„Пристигна Светиот Благодатен оган, нека се исполнат сите македонските храмови со радост. Ова беше голема чест, Ви посакувам убава празнична ноќ“ објави директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски.
Тој на Меѓународниот аеродром во Скопје го донесе Светиот благодатен оган, кој го презеде на Меѓународниот аеродром во Атина од грчката државна делегација која го донесе од Ерусалим.
Сотировски му го предаде Благодатнот оган на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец во Скопје, како и на свештеници од епархиите кои го однесоа низ градовите во државата.