Продлабочување на соработката: Мицкоски оствари средба со генерал-мајор Грегори Најт

Премиерот Христијан Мицкоски вчера оствари средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети, посочи Мицкоски.

На средбата присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорката Анџела Агелер, генерал-мајор Сашко Лафчиски.