Продолжува градењето на Коридорот VIII Елбасан-Ќафасан што поврзува Албанија и Македонија

Албанија и Македонија ќе бидат поврзани со изградбата на коридорот 8, чии работи продолжуваат од двете страни истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

Додека ние градиме во правец на Македонија, Македонија гради во правец на Албанија, за да се спојат. По увидот на работите што се изведуваат од третата фаза од целосната реконструкција и проширување на патниот правец Елбасан – Граничен премин Ќафасан, таа наведува дека проектот предвидува изградба и на два моста долги 200 метри кои ќе бидат поврзани со тунел.

Изразувајќи задоволство од динамката на изведување на работите потсетува дека патот Елбасан-Ќафасан е од категоријата Б, со четири ленти, по две од секоја страна, со разделници и сите параметри на патот, и со минимална брзина на движење од 110 километри на час.

Ако до сега за минување на патот од Ќафасан до Елбасан (50 км) беа потребни 1 час и 30 минути, оваа оддалеченост ќе се минува за само 35 минути.

Проектот почна да се реализира во декември 2022 година а во јуни годинава дел од овој патен правец, на кој е поставена и потребната патна сигнализација, беше пуштен во употреба за сообраќај.