Пронајдена родната куќа на апостол Петар: На нејзините темели е подигната древна црква

 

Во Галилеја, на северот на Израел, се пронајдени остатоци од црква која била подигната на местото од домот на апостолите Петар и Андреј, соопштија археолозите. Мордехај Авиам од Академијата Колеџ Кинерет на брегот на Галилејското Езеро вели дека ископувањето во близина на Ел Арад потврди дека тоа е градот Витсаида, рибарско село во кое се родени Петар и неговиот брат Андреј, како што е напишано во Евангелието според Јован.

Византиската црква е најдена покрај остатоци од населба од времето на Римајните и одговара на локацијата на Витсаида, како што ја опишува римскиот историчар од првиот век. Новооткриената црква одговара на описот на баварскиот свештеник Вилибалд од Ејста, кој ја посетил областа во 725 година и изјавил дека црквата во Витсаида била подигната на местото на живеење на апостолите Петар и Андреј.

Според Вилибалд, Витсаида се наоѓала меѓу библиските места Капернаум и Курси.

„Ние ископавме само една третина од црквата, може и помалку, но имаме црква, тоа е сигурно“, изјави Авиам.

Тој објасни дека “структурата гледана од птичја перспектива го потврдува податокот дека објектот бил црква. Историскиот перод е потврден со датирање на големиот број монети што беа пронајдени, а и остатоците од мозаикот се неоспорно дел од ѕидови карактеристични за црква”. Христијаните го сметаат апостолот Петар, некогашниот рибар, за еден од првите следбеници на Христос и водач на раната Црква по Христовото вознесение. Католичката црква го смета за свој прв папа