
Уште во далечната 1922 година, Македонците во САД демонстрирале за независна Македонија. Демонстрациите снимени на видео клипот (на крајот од статијата) се организирани од македонски иселеници кои повикаа на обединета Македонија и дека окупаторите Грција, Бугарија и Србија треба да се повлечат од Македонија. Поделбата на Македонија е резултат на Балканските војни во 1912 година, оваа поделба е легитимирана со “мировните преговори во Букурешт” во 1913 година од страна на големите сили. Емиграцијата се организирала во т.н. Македонска политичка организација (МПО), македонска политичка организација на македонската дијаспора во САД. Оваа организација е основана во 1922 година во Форд Вејн.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden