Прво место за Кристиан Стојани од Мала Преспа на трка 5 км во Хамбург

Во Хамбург, Германија се одржа 42-то издание на трката ,,Insellauf’’, која се состоеше од три десциплини, односно, полумаратон, 10км и 5 км. Кристиан Стојани од Мала Преспа, кој сега живее во Германија, учествуваше на оваа трка на која учествуваа 2500 атлетичари.

Screenshot 2023 04 05 at 10 00 47 Certificates certificate1973.pdf

Стојани трчаше на 5 км и се најде највисоко на пиедесталот, додека исходот од истата, односно резултатот, кој Стојани го постигна беше 16:32.  ,,Insellauf’’ е една од најстарите и најтрадиционалните трки во Хамбург. Секој од учесниците, пријавени за учество на самата трка имаа можност да изберат помеѓу полумаратонот на островот Елба, островот ,,Десет”(10km)  и трчањето на ,,Mühlenlauf’’ (5km).

339614764 1042411146735210 4655427779004343148 n

Патеката за трчање е живописна, опкружена со прекрасни градини од минатото со цел љубителите на природата и спортот да уживаат за време на маратонското трчање.

338165821 597619598932801 8493836553414048023 n

Кристијан вели дека се чувствувал како да трча ,,cross country”, затоа што силниот ветар, како и калливиот дел од патеката, со кој се соочил помеѓу 2-риот и 3-тиот километар, го попречиле во постигнувањето на уште подобар резултат. Оваа трка, за Стојани е уште една подготовка за она што следува во оваа сезона.

339574510 2192828014438713 8555894433100783941 n

,,Зимските подготовки поминаа доста добро, па сега започнуваме да ја оштриме формата. Од самиот почеток, па се до самиот крај, се чувствував како да трчам соло трка. Се борев со силниот ветар, калливиот дел од патеката и непогодните временски услови. Го освоив првото место и сум задоволен. Секако дека можев и подобро, доколку временските услови беа подобри. Сепак, секоја победа е уште една доза на мотивацијата со која се движиме напред, кон освојување на нови хоризонти. Секое качување на подиумот те прави да се чувствуваш посебен. Можам да изјавам дека за месец дена се гледаме на Македонско тло” – изјави Кристијан Стојани за Читај бе.