Рама најави промени во албанската влада

Еди Рама, најави промени во составот на неговата влада денеска на партиската Асанблеа на владеачката Социјалистичка партија рече дека во септрември ќе има промена на повеќе министри, но притоа додаде дека промени ќе има и во раководството на самата партија. Лидерот на албанската левица оцени дека има потреба од промени, се со цел Владата и партијата да ги продолжат реформите во земјата. Тој не посочи имиња на министрите кои треба да заминат, но истакна дека има потреба некои министри да бидат заменети.

Исто така, Рама најави и промени во раководството на партијата бидејќи, според него, Социјалистите имаат кадри кои би биле поуспешни во работата на Владата. Албанската опозиција го обвинува Рама за нанесување на штета на Албанија поради, како што се наведува, директната поврзаност на преставници на владата со корупцијата и криминалот. Опозицијата смета дека владата на левицата треба да падне и да има предвремени избори.

Advertisement