
Владата го забрани ТикТок пред една година, кога објави на платформата предизвикаа кавга помеѓу млади лица, при што беше убиено со нож 14-годишно момче.
Премиерот Еди Рама објави дека платформата за социјално вмрежување ТикТок повторно ќе биде достапна во Албанија.
Тој, во интервју за Политико, откри дека Владата постигнала партнерство со платформата и наскоро ќе ги претстави новите мерки за заштита на албанската јавност.
Задоволни сме од резултатот. Го направивме партнерството и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го откриеме планот пред албанскиот народ, како што ветивме, изјави Рама.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden