Рама: Нов кибернапад врз TIMS системот

Нов кибернапад сличен на оној на владините служби 15 јули,   овој пат на TIMS системот на граничните премини во Албанија. Веста ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на објава на Твитер напиша дека нападот го извршиле истите агресори. 

Уште еден кибернапад од истите агресори, веќе разоткриен и осуден од сојузничките и пријателски земји на Албанија, се случи синоќа на системот ТИМС. Во меѓувреме, ние продолжуваме да работиме деноноќно со сојузниците за да ги направиме нашите дигитални системи непробојни, напиша на Твитер. 

Топ чанел дознава дека нападот го снимиле полициски специјалци во петокот вечерта околу 22:00 часот.  Кибернападот бил регистриран  во 22 часот синоќа, по што системот бил исклучен за да не им се даде можност на хакерите да напредуваат, во преземањето на контролата врз овој систем, најважниот за албанската полиција. По кибернападите кои вон функција три недели ги остави владините сервиси а за кои премиерот Рама рече дека е потврдено оти се извршени.