Репортажа на Руската национална телевизија: Земјата на Александар Македонски и Филип

Непутевје Заметки“ e најпопуларната туристичка емисија во Русија, која се емитува на Руската национална телевизија “Росија 1”. Димитри Крилов патеписецот кој ја направил оваа репортажа, Македонија ја претставува како земја на Александар, Филип и Мајка Тереза.

Емисијата се емитува за време на неделните заеднички собири на фамилиите во Русија и ја гледа речиси секој Русин. Крилов исто така ја опишува Македонија како мала земја која најверојатно има повеќе историја од било која друга во Европа. Тој потенцира за тоа дека Македонија некогаш била светска имерија, веле сила, кажува за Александар Македонски кој успеал да го обедини целиот познат свет во антиката.

Крилов уште раскажува за тоа дека во Македонија била наважната алка на Римската империја, како и за тоа дека многу царства се направиле тука и пропаднале тука. Крилов зборува уште за убавините на Охрид, за македонскиот цар Самоил кој го завладеал целиот Балкан. Македонија ја нарекува лулка на христијанството, односно го потенцира тоа дека Апостол Павле оттука започнал да го проповеда христијанството.

Димитри Крилов за крај вели дека мистериите и загонетките се бескрајни во Македонија, и препорачува дека секој Русин треба да ја посети. Погледнете ја целата репортажа!

Advertisement