
Репортажа од Радио телевизија Скопје во 1990 година реализирала значајна видео репортажа за Македонците од Мала Преспа, изработена од новинарот Бранислав Димовски, која претставува вредно сведоштво за животот и состојбите на македонската заедница во Албанија во еден.
Во времето кога е снимена репортажата, комунистичкиот режим во Албанија сè уште е на сила, што силно влијаело врз секојдневието, слободите и можностите за контакт со надворешниот свет. Прилогот автентично го прикажува секојдневниот живот на Македонците во Мала Преспа, нивната работа, семејниот живот, како и условите во кои живееле.
Посебен акцент во репортажата е ставен на желбата на жителите да ја посетат Македонија и да се сретнат со своите роднини, од кои со децении биле одвоени поради строгите гранични и политички ограничувања на
тогашниот систем.
Оваа видео репортажа денес има голема документарна и историска вредност, бидејќи сведочи за истрајноста на Македонците од Мала Преспа во зачувувањето на својот идентитет, јазик и културни врски со матичната држава, во услови на изолација и ограничени слободи
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden