Репортери без граници: 533 новинари уапсени во 2022 година

Во 2022 година ширум светот биле уапсени 533 новинари, најмногу во последните 30 години, објави организацијата Репортери без граници во својот годишен извештај. Бројот на убиени новинари е исто така во пораст – 57, најмногу поради војната во Украина, се наведува во соопштението објавено денеска од невладината организација за слобода на медиумите.

Половина од апсењата на новинари се однесуваат на пет земји, Кина (110), Мјанмар (62), Иран (47), Виетнам (39) и Белорусија (31). Оваа организација никогаш досега не забележала толку многу затворени новинарки, вкупно 78. Според Репортери без граници, 15 отсто од вкупниот број уапсени новинари биле жени.

Advertisement