Русија објави список на непријателски земји

Владата на Руската Федерација го одобри списокот на странски земји и територии кои „вршат непријателски дејствија против Русија“, соопшти прес-службата на Кабинетот на министри.

Владата одобри список на странски земји и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, руските компании и граѓани. Наредбата за тоа е потпишана – се наведува во соопштението.

На списокот се Австралија, Андора, Албанија, Македонија,Велика Британија, земји-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн,  Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија.