Руска амбасада во Тирана: Албанските медиуми да не шпекулираат за Косово

 

Амбасадата на Руската федерација во Тирана, во реакцијата околу идејата за промена на границите на Косово,оценува дека прашањата за статусот на Косово треба да се реши врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Исто така стои дека Русија инсистира на реализација на сите договори постигнати во рамките на разговорите Белград-Приштина и никогаш нема да се обиде зад грб на страните да разговара за ова прашање. Покрај тоа, посочува дека не треба да се игра со опасната тенденција да се разнишаат руско-американските односи и да не поттикнуваат тензии на Балканот.

-Сите прашања поврзани со конечниот статус на Косово треба да се решат врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Во овој контекст, Белград и Приштина се договорија за директен дијалог со посредство на Европската унија. Русија продолжува да го подржува процесот на преговори, инсистира на остварување на сите договори постигнати во текот на дијалогот и никогаш нема да се обиде да разговара за ова прашање зад грбот на страните влучени во дијалот,-стои во реакцијата на руската амбасада.

Амбасадата ја повикува албанската медиумска заедница да се воздржи од флагрантни шпекулации за постоењето на тајни договори меѓу Москва и Вашингтон. Не треба да се игра со многу опасната тенденција за разнишување на руско-американските односи, од чија состојба , во голема мерка, зависи  меѓународната безбедност, како и да не поттикнуваат тензии во регион, каков што е Балканот,-порачува руската амбасада во Тирана.

Advertisement