Руската амбасада со нов комплекс во Тирана (ФОТО)

Руската амбасада во Тирана ќе има нов комплекс, објави Руска амбасада на официјалната веб-страница на „Фејсбук“, каде му се заблагодарува на градежната компанија за високиот квалитет на работа.

„Рускиот амбасадор Александар Карпушин им се заблагодари на сопственикот на градежната компанија за високиот квалитет на работите, изразувајќи доверба за продолжување на плодната соработка меѓу страните“, пишува амбасадата. Новиот комплекс на амбасадите ќе започне да функционира откако ќе заврши целата работа од Руска компанија.