Руската Федерална безбедносна служба спречил терористички напад, уапсен е тинејџер (ВИДЕО)

Руската Федерална безбедносна служба (ФСБ) соопшти денес дека спречила терористички напад во градот Тамбов. Како што се наведува во соопштението, руски државјанин, тинејџер роден во 2003 година, е уапсен поради планирање на нападот, пренесува ТАСС. Припадниците на ФСБ, во станот кој тинејџерот го изнајмувал, нашле и заплениле експлозив, компоненти и прирачници за изработка на експлозивна направа, како и средства за комуникација.