Рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Будимпешта за да разговара со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Кремљ порано рече дека разговорите треба да се „фокусираат на широк спектар на прашања поврзани со руско-унгарската соработка, пред се на трговско, економско, културно и хуманитарно поле“, а двајцата лидери треба да разменат мислења за одредени итни глобални и регионални проблеми.

За време на посетата, исто така, се очекува да бидат потпишани голем број билатерални договори, јавува ТАСС. Предвидено е рускиот претседател да го посети и седиштето на Меѓународната џудо федерација во Будимпешта.

Advertisement