САД ја надминаа бројката од 30 милиони невработени

САД ја надмина бројката од 30 милиони невработени, што е најголема стапка од времето на Големата Депресија која се случила во триесетите години во минатиот век.Само минатата недела 3 милиони американци побарале бенефиции поради невработеност. Пандемијата донесе сосема нова реалност, а тоа не го избегна и начинот на барање на работа, односно во САД луѓето разговорите за работа ги вршат на паркинзите и најчесто од своите автомобили.

Ве интервјуираат од далеку каде што вие стоите или пак разговорот го водите преку прозорецот на вашиот автомобил, а понудата за работа ја добивате на лице место. Две третини од оние кои загубиле работа се дел од приватниот сектор, а најистакнати во таа група се транспортерите, градежните работници и угостителите.  Забележително е тоа што 90 проценти од невработените се оние кои не биле во можност да работат од дома.

Експертите очекуваат процентите да растат и понатака но најлошото сценарио се предвидува во Лас Вегас, градот познат по метежот, забавата и казината, каде што 25 проценти од населението би било невработено. Лас Вегас изгледа како град на духови, се изгледа како научно фантастичен хорор филм. Не можете да си замислите како изгледа да возите по улиците и каде и да погледнете, се е празно, вели Елизабет Бло – Сопственик на ресторан.

Владата во текот на утрешниот ден треба да објави нов извештај, а прогнозите се поразителни и се очекува да биде најлош откако е воведена модерната евиденција. Ваквото одвивање на настаните во САД се случи за само седум недели, додека пак во февруари стапката на невработеност изнесуваше 3,5 проценти што е минимум во последните 50 години.