Самостојна изложба „Моја Истра“ на м-р Сара Длака (ФОТО)

Сара Длака е родена 1987 година во Пула, Хрватска, по мајка е Македонка се Завршила Средно училиште за примената уметност и дизајн – одсек сликарски дизајнер во Пула. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност на Педагошки одсек, графика и сценографија во класата на професор др Трајче Блажевски во 2016 година во Скопје, каде што продолжила на посдипломски студии по графика, на кои што магистрирала во 2017 година на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Добитник е на првата награда на меѓународната детска ликовна изложба „13 Ноември“ во Скопје. Учествувала на повеќе заеднички изложби во Македонија и Хрватска. Посебно значаен бил нејзиниот настап на меѓународните изложби во организација на Ј.У. Дом на културата „Кочо рацин“ во Скопје – по повод одбележување на Денот на пролетта, Денот на заштитата на околината и екологијата, насловени „За спас на нашата планета земја“ како и изложбата „Во хармонија со природата“ и „Танго ново“, Интернационално Биенале во Нови Пазар, Мал формат, 2016 година, Студентско интернационално ART BIRNALE ( siab), Skopje 2017, Иизложба за млади уметници организирана од страна на Агенцијата за млади и спорт “YOUNG ART”2015 и 2016 година во Скопје Галерија „Мала станица“, Изложба на графика „Мал формат “во „Сули-ан“ во Скопје, 2015, 2016 i 2017 година, Изложба на графики на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, по повод доделувањето на дипломите на студентите во 2016 година, Изложбата на студентска графика, која е насловена„ Драгутин Аврамовски Гуте“ во Галерија на ФЛУ во Скопје 2015

Сара Длака учествувала на семинарите за обука на тема „Музиката во моите графики“ израз на моите посебни потреби во Центарот за детско уметничко изразување „музикотерапија и психо-физика“ релаксација „џунџуле“ и тоа два пати по ред 2015 и 2016 година и има добиено два сертификата,  21. Лабински узлет ликовности (ЛУЛ ) 2017во црквата Св.Стјепан во Лабин, Хрватска, МиниАртура 2018 – групна изложба, Галерија „Сингидунум“ Белград, 20.03.2018 година, Мал формат 2018- групна изложба во НУ „Марко Цепенков“ во Прилеп, 24.08.2018 година, Галерија „NLB BANKA“ Скопје, 4.10.2018 година, Мал формат 2018- групна изложба, Галерија „Галерија Пловдив“ Бугарија,1.11.2018 година, Мал формат 2018- групна изложба –во КИЦ Софија, 22.11.2018 година. Од 2017 година е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).