Сара Џелили се именува за потпретседател, Ули Халилај за секретар на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на Статутот и согласно своите надлежности донесе одлука:

1.Сара Џелили се именува за подпретседател на Македонското друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо за мандатен период 2023 – 2027 година;

2.Ули Халилај се именува за секретар на Македонското друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо за мандатен период 2023 – 2027 година.

Сара Џелили е член и активист на Македонско друштвото ‘’Илинден’’-Тирана. Таа има учествувано на многу конкурси за поезија на кои настапува како претставник на Македонското друштвото ‘’Илинден’’-Тирана. За својата ангажираност Џелили, во 2019 година, беше добитник на Благодарница “Илинден” по повод 10 годиншнината од формирањето на Македонско друштвото ‘’Илинден’’-Тирана. Признанието ѝ беше доделено за особен придонес за Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана. Џелили е владен степендист на татковината Македонија и студира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Правниот факултет „Јустинан Први“, на отсек политички науки.

Ули Халилај е член и активист на Mакедонското друштво “Илинден“- Тирана од 2015 година. Во периодот од 2015 до 2021 година ја вршеше претседателската функција на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо, од 2021 до 2023 год. беше негов подпретседател. За својата ангажираност Халилај, во 2016 година, беше добитник на Благодарница “Илинден“.

Македонското друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо ќе продолжи да работи на реализирање на задачите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана. Претседателството и членовите за областа Голо Брдо ќе работат на заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо и унапредување на положбата на Македонците во областа Голо Брдо.

Областа Голо Брдо, ја сочинуваат 22 населени места, од кои 18 се населени со Македонци а останатите четири се со мешано население, Македонци и Албанци.

 

Advertisement