Се одбележуваат 151 години од раѓањето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

 

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4 февруари1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско во борби со османлиската војска која го опколила селото. Посмртните останки на Гоце Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, Македонија во црквата “Свети Спас“ каде и денес се наоѓаат.

Advertisement