Се одржа Берлинскиот процес во Тирана

„Самитот на лидерите кој се одржува во Тирана за Берлинскиот процес, кој за прв пат се одржува во една земја на Западен Балкан, односно во држава која не е дел од ЕУ. Во рамките на Берлинскиот процес беа потпишани неколку договори за соработка и за меѓусебно признавање на дипломите од земјите на Западен Балкан за здравствените работници и за енергетско финансирање и зголемување на финансиите за енергетска независност и зелена транзиција“.

„Треба да истакнам дека економските ветувања од Берлинскиот процес не се целосно исполнети кажано благо, посебно кога се прави споредба со чувството за политичка трансформација што го донесе. Ангела Меркел го истакна овде во Берлинскиот процес средбата со Полска.“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

„И многуте кризи овде во регионот, во Западниот Балкан, ја истакнаа итната потреба за заедничка работа и за надминување на антагонизам, дојде време за надминување на конфликтите кои траеја многу долго и кои всушност ве држеле и ве држат наместо. Ескалациите кои се случуваат во последно време во северот на Косово потврдија колку е тоа важно. Ние треба да ги спроведеме до крај договорите кои се постигнати преку Дијалогот за нормализирање предводени од ЕУ и многу сум задоволен што овој Самит за прв пат се организира во една земја на Западен Балкан“, изјави Олаф Шолц.

„Силата која го има проширувањето за вредностите кои не обединуваат сите земји кои стануваат дел од ЕУ чекор по чекор, но вториот силен елемент е во врска со економскиот развој бидејќи секогаш кога сме имале проширување, не само земјите кои станале дел од ЕУ имале економски пораст бидејќи станаа дел од единствениот пазар на ЕУ, туку се подобри и ЕУ бидејќи нашиот единствен пазар многу се прошири“, рече Урсула фон дер Лајен.

„Рама, проширувањето го споредивте со една невеста чиј младоженец никогаш не доаѓа на свадба, но сепак ние се подготвуваме за свадбата. Во ЕУ проширувањето е и секогаш ќе остане процес кој се основа на заслуга и всушност треба работите да почнат да се движат имајќи предвид дека тоа е потребно да се спроведат реформите од ваша страна, но исто така и од нашата страна за да започне сериозната дебата за иднината на ЕУ“, рече Шарл Мишел.

Advertisement