Се одржа во Тирана првиот состанок на Комисијата за признавање на националните малцинства 

Под раководство на заменик министерот за внатрешни работи, Анди Махила, денеска се одржа првиот состанок на Комисијата за признавање на националните малцинства на кој учествуваа сите претставници на одредените институции, Комитетот за национални малцинства и претставници на граѓанското општество.

На состнаок беше Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Ова е важен чекор за да се обезбеди остварување на специфичните права на лицата кои припаѓаат на национално малцинство, кои се неопходни за заштита на карактеристичниот идентитет на националните малцинства, како суштинска компонента на интегрираното општество и кои гарантираат недискриминација и целосна еднаквост пред законот.

На средбата се разговараше за првите барања и случаи поднесени од граѓаните, а беа утврдени конкретни чекори за продолжување на нивното разгледување согласно одлуките донесени од Советот на министри во спроведувањето на Законот „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“.

Овој процес има за цел да ја зајакне заштитата на правата на националните малцинства, да промовира еднаквост во општеството и да го постигне исполнувањето на меѓународните стандарди на ова поле.