Царинската управа соопшти дека на 26.03.2019 година, на локацијата Маркова нога во Преспанскиот регион, каде треба да се воспостави новиот граничен премин помеѓу Република Македонија и Република Грција, надлежните институции за негово воспоставување одржаа технички консултативен состанок во насока на размена на идеи за неговото функционирање согласно потпишаната спогодба помеѓу Владите на двете држави.
Отворањето на граничниот премин „Маркова Нога-Герман“-Преспа е важно за регионот на Преспа и ќе го јакне локалната економија, како и зајакнувањето на врските меѓу Македонците во овој регион поделени во Албанија и Грција.


Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
