
Со поддршка на општината Пустец областа Преспа во Пустец беше промовирана книгата “Преспа по патеката на знаењето“ од учителот Цветко Малевски.
Ова дело претставува значаен придонес кон разбирањето и одржувањето на образованието на македонскиот и албанскиот јазик во Преспа.
Книгата нè води низ историјата на отворањето на првите училишта во областа Мала Преспа, наставата на мајчин македонски јазик, улогата на учителите низ годините, и истакнатите личности кои своето образование го завршиле тука и постигнале успех во различни професии низ светот. Кингата го чува и промовира македонското културнo и образовно наследство!
Секое читање на страниците на оваа книга е патување низ богатата историја и култура на Македонците во Република Албанија. Промотор на книгата беше Ефтим Митревски, а на промоцоијата присуствуваа грдоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски и претседателот на Македонска партија за европска интеграција, Васил Стрејовски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden