Автокефалната православна црква на Албанија, со длабока тага, го објавува упокојувањетo во Господа на Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Анастас.
Денеска, на 25 јануари 2025 година, во 8:30 часот, на 95-годишна возраст, во болницата „Евангелизам“ во Атина, како последица на недоволно функционирање на многу органи заспа во Господа Неговото Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Анастас светилник на православната вера, столб на мудроста и неуморен работник на нивата Христова.
Незаборавниот Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Анастас со својот пророчки дух, боговдахновена визија и длабока љубов кон Христа и кон Црквата Негова, ја обнови и воздигна Православната Автокефална Црква на Албанија. Од урнатините што ги остави атеистичкиот режим, тој ја подигна земјата како величествен храм на верата, надежта и љубовта.
Со неуморна ревност и пожртвувана служба повеќе од три децении, Архиепископот г.г.Анастас, по избор и со благослов и заложби на Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, ги положи и ги зацврсти темелите на црковниот живот, изгради стотици свети храмови, ја воскресна пастирската служба, основа образовни и филантропски институции и едуцираше ново, посветено свештенство. Тој беше вистински апостол на љубовта, сведок на Христовата светлина во Албанија и ширум православниот свет.
Со својата смиреност, мудрост и широка душа, Архиепископот г.г.Анастас беше вистински духовен отец на православниот народ во Албанија.
Нека му биде споменот вечен и блажен во Господа! Нека почива во светлината на Воскресението и нека се радува во прегратките на Оној Кому Му посвети сè!
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
