Се урна воен дрон во Загреб

Фотографија: www.telegram.hr

Силен тресок синоќа нешто по 23 часот се слушна во Загреб, а хрватските медиуми јавуваат дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило во земјата и експлодирало. Според дел од медиумите, повикувајќи се на добро упатени извори, според досега собраните информации од надлежните служби, на загрепски Јарун паднал воен дрон. Пронајдени се два и падобрана. Полициската управа на Загреб соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација во поширокото подрачје на Јарун. Местото го обезбедува полицијата и во тек е истрага. Полицијата засега нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на инцидентот. Оштетени се неколку паркирани возила.

Advertisement