
Сопственикот на ресторанот „Панорама“ во Порто Палермо, кај албанското приморско градче Химара, кој тероризираше шпански туристи останува без угостителскиот објект откако Нацоналниот инспекторат за заштита на територијата „се сети“ дека е дивоградба. Претпладнево,со асистенција на полицијата, механзацијата почна со уривање на објектот,без прсиство на сопственикот Михаил Кокдима, кој е во притвор.
Ресторанот се протега на површина од две илјади квадратни метри во една од најубавите зони на албанското крајбрежје. Освен што е дивоградба објектот, бесправно ја користел и плажата, изјавија од Националниот инспекторат за заштита на територијата. Инцидентот се случи на 15 август кога петчленото семејство на шпанскиот милионер Еугенио Галдон, локаланите возач и водич, кога според нив, физички биле нападнати во ресторанот,откако му се пожалиле на лошиот квалитет на храната. Фралал и тврди предмети со кои ја напукнал шофершајната, па кога тие заминувале се фрлил врз хаубата на која,според видеото кое екслузивно го пренесе Тв Рапорт се гледа и крв. Се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидува да се пресмета со нив преку искршената шофершајбна. Според Кокдима пак, тие немале трпение да почекаат малку додека се подготви нарачката.
Сакаа да си заминат. Не можеле малку да почекаат а кој мене ќе ми го плати трошакот. Толку многу внимание му дадовте на овој настан како да станува збор за Бин Ладен, изјавил Кокдима пред судија. Семејството Галдон со сопствена јахта пристигнало во Саранда, ангажирало возило, возач и водич да ги прошетаат по јужниот дел од албанското крајбрежје. Уште истот ден нив и посети и министерот за туризам Бленди Клоси а премиерот Еди Рама го осуди однесувањето на сопственикот, кого го нарече варварин, кој ја засрамил целата нација.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden