
Се уште беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“ кај Пустец, чие гаснење е прекинато синоќа и ќе продолжи денеска.
Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски рече дека поради високите температури, ветерот и недостапниот терен гаснењето е речиси неможно а опожарената површина е многу голема.
Прашан за причината за пожарот, тој остава на надлежните да утврдат.
Министерството за внатрешни работи и полицијата велат дека пожарот започнал тука покрај патот. Не знам дали е предизвикан од небрежност или намерно палење. Ова останува тие да го потврдат – нагласи тој.
Директорот на администрацијата на заштитени подрачја, Ѓерѓи Коки, со жалење констатира дека ова е втора година како се случува пожар од ваков обем, и додава дека поради алармантната ситуација со пожарите во земјата не очекува интервенција од воздух.
На почетокот, веднаш беа контактирани нашите координатори во Агенцијата за заштитени подрачја, но бидејќи нашата земја е под притисок на голем број пожари на овие температури кои ги има насекаде, приоритет се станбените области. Ни беше кажано засега да не очекуваме никаква воздушна поддршка, туку да се обидеме да имаме копнена поддршка со сите можности што се нудат овде локално, со соседните општини и од општините од регионот – вели тој.
И двајцата апелираат на поголема внимателност за да не се уништува ова природно богатство.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden