Сеад Казанџиу прв советник од ромско малциство во Советот на Општина Тирана

Во Советот на општина Тирана за прв пат ќе учествува и советник од ромското малциство, што е од историски момент. Сеад Казанџиу (37) доаѓа од Социјалистичката партија и на оваа функција доаѓа на местото на Бесард Кадина.

Сеад Казанџиу, моментлано е потпретседател на Комитетот за национални малциства во Република Албанија.

Во својот говор Казанџиу рече: „Ова е историски момент. Општина Тирана е мал парламент и не сакам да бидам прв и последен. „Сакам да се отвори овој пат и да бидат вклучени што е можно повеќе припадници на малцинствата во Албанија“, рече тој.