Селото Клење областа Голо Брдо доби соларни лампи за селските улици

Селото Клење се наоѓа во областа Голо Брдо, тоа е едно ос многуте села во кои живее македонско население и во кое во повоениот период учениците имале можност да учат на мајчин македонски јазик. Но, денес, целата област Голо Брдо како да е заборавена од албанските власти. Мештаните се обидуваат да си го подобрат својот живот со самопомош. Најнова е акцијата на некои жители во селото Клењe, областa Голо Брдо за опремување на селските улици со соларни лампи. Оваа иницијатива и придонес за осветлување на улиците на селото го овозможуваат пчеларите на ова село: Етемир Зуна, Ресмије Исаку, Елтон Зуна.

Со благодарност за иницијативата и акцијата на некои соселани во селото Клењe, областa Голо Брдо за опремување на селските улици со соларни лампи. Тоа придонесува да се создаде чувство на посветеност кон своето родно место, со отворање на нов прозорец со надеж и доверба дека еден ден областа Голо Брдо ќе има модерна инфраструктура. Ваквата акција е благородна и бескрајно полезна, па затоа повикуваме, во оваа пригода, ваквиот пример да служи како повик до сите сегашни и поранешни жители, каде и да се, да придонесат клку се во можност за регулирање и одржување на селото и областа Голо Брдо.

Advertisement