Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се појави во јавноста (ВИДЕО)

Северно корејскиот лидер Ким Јонг Ун се појави во јавноста за прв пат по 20 дена, пренесуваат севернокорејските државни медиуми. Државната агенција КЦНА известува дека севернокорејскиот лидер ја пресекол црвената лента за отворањето на фабриката за ѓубрива. Тој присуствуваше на церемонијата, а присутните го пречекаа со „ура“ – додава агенцијата. Подоцна се појавија и видеа на кои Ким Јонг Ун вози голф автомобил при посета на фабриката, разговара со неговите приврзаници, пуши цигари и се смее. Во изминатите денови за него се шпекулираше дека е мртов, многу болен или се крие од пандемијата. Што навистина се случувало, можеби светот никогаш нема да дознае, бидејќи изгледа се врати од „мртвите“, а сите информации за него се добро чувана тајна.

 

https://www.youtube.com/watch?time_continue=24&v=xXb8x2VFY1I&feature=emb_title