Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација, оценувајќи дека сега постои „растечки ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“.

Во својот пост на платформата X, Гутереш истакна дека во овој момент е потребно да се избегне спирала на насилство, пренесува Ројтерс. „Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, рече Гутереш.