Кога по финалето победникот се појави во прес-центарот, на конференцијата за медиуми, доби громогласен аплауз од новинарите.
Инаку, на овој млад човек со неверојатни гласовни способности не му беше лесно, иако гледачите крај малите екрани немаа можност да го видат тоа.
Немо успеа да го скрши победничкиот трофеј, но и да го повреди палецот. Сепак, како што истакна, сѐ е во ред, тоа не му го намалува моменталното расположение.
Целото ова искуство беше многу интензивно и не секогаш толку пријатно, многу работи се поврзани со љубовта и заедништвото, имаше толку многу различни култури и луѓе кои беа позитивни, посветени на музиката и ми даваа надеж… Не само што го скршив кодот , туку го скршив и трофејот, како и палецот, но се е ок, имам и нов трофеј – низ смеа изјави Немо.
Тој победи по гласовите на публиката, кога го престигна претставникот на Хрватска, Бејби Лазања, кој заврши на второто место.