
Швајцарија е на чело на годишната листа на најдобри држави во светот што ја објавува американското списание Ју-Ес Њуз енд Ворлд Рипорт. Државата е на врвот од листата поради граѓанското општество, бизнис климата и квалитетот на живот.Во првите пет места се Канада, Велика Британија, Германија и Јапонија. Следуваат Шведска, САД, Австралија, Франција и Норвешка. На дното на листата од вкупно 80 држави се Алжир, Иран. Кина е на 20 место додека Русија е на 27-то место. Листата се прави по анкета на повеќе од 20.000 граѓани во 36 држави од сите региони во светот.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden