Швајцарија започна истрага за шпионирање на турската заедница

Во Швајцарија била извршувана шпионажа против турската заедница од страна на една разузнавачка служба, соопшти денеска швајцарското федерално обвинителство, наведувајќи дека е поведена кривична постапка. Постапката е започната на 16 март, бидејќи швајцарското правосудство има сомневања за шпионирање на турската заедница во Швајцарија, посочи швајцарското федерално обвинителство, кое одби да соопшти повеќе детали за истрагата и за лицата и организациите против кои е таа насочена.

Advertisement