Шверцувана марихуана преку Охридско езеро

 

Единицата за недозволена трговија во координација со Јавниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и СВР Охрид ги лиши од слобода лицата К.Х. (48) од Струга и С.А. (34) од Скопје, идентификувани како членови на меѓународната криминална група“, се вели во соопштението од МВР.Во координација со надлежните одделенија од Романија, Албанија и Грција за борба против нарко-бандите, единицата за недозволена трговија при МВР  успеа да пресретне и да разбие повеќечлена група која се занимавала со шверцување на дрога од Албанија кон Македонија, а со намера истата да биде препродадена на странскиот пазар. Во рамки на спроведената истрага, на територијата на Македонија во изминатиот период биле реализирани два случаи на недозволена трговија со марихуана, во кои биле пријавени четири лица македонски државјани.

„По обезбедени докази од претходно реализиран случај во рамки на оваа истрага, Единицата за недозволена трговија во координација со Јавниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и СВР Охрид ги лиши од слобода лицата К.Х. (48) од Струга и С.А. (34) од Скопје, идентификувани како членови на меѓународната криминална група“, се вели во соопштението од МВР.

Против двајцата, како и против двајца албански државјани С.А.Д. (43) и А.Ќ. (44) до ОЈО за гонење на организиран криминал е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело -“неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик на Македонија.

Врз основа на спроведена истрага било утврдено дека К.Х. заедно со С.А. во февруари годинава организирале набавка на 38.955 килограми марихуана од НН лица од Албанија, по што К.Х. заедно со двајца албански државјани С.А.Д. и А.Ќ., двајцата од Поградец, Албанија организирале истата да биде пренесена од Албанија во Македонија по водите на Охридското езеро.

Марихуаната била пренесена од страна на лицето А.Ќ. со моторен чамец и истата на брегот од езерото во близина на с.Калишта била превземена од лицето Ф.И. – член на оваа организирана група (кривично пријавен во февруари годинава во реализиран случај и заплена на 38.955 кг. марихуана) кој ја однел дрогата во неговата куќа во с.Калишта, со цел истата да му ја предаде на К.Х., а тој да ја продаде на лицето С.А.