Симона Халеп со потекло од Македонија која го освои Вимблдон

Симона Халеп вчера експресно ја победи големата Серена Вилијамс во финалето на Вимблдон и стигна до својата прва титула на овој турнир. Халеп во финалето победи доминантно со 2:0 во сетови и тоа 6:2 и 6:2 за само 53 минути игра. Како што споменавме за Халеп ова беше прв трофеј на Вимблдон и втор на Грен слем турнирите.

Нејзините претходници се доселиле во Констанца за време на Отоманската империја. Станува збор за влашко семејство, но истакнуваат дека се Македонци по потеклo. Во репортажата на романскиот спортски магазин се истакнува дека семејното стебло на Симона Халеп потекнува од најцврстата гранка на македонската задница во Романија. Во јавниот живот тие важат за група која ја почитува традицијата и таа е нивното најголемо богатство, а не парите.

„За нив македонството е најважно нешто, се чуваат до традицијата. Тие за ништо на светот нема да се откажат од македонизмот и никогаш не се одделиле од него. Колку е тоа важно зборува податокот дека таа група никогаш не се мажи/жени со припадници на друга група. Таа ќе се држи до семејната традиција и ќе се омажи за Македонец“, рекол за магазинот близок пријател на семејствотото Халеп.

Оваа група Власи е највлијателна во Македонија, не поради тоа што се премногу богати, туку поради традициите на нашата земја до кои строго се придрижуваат, пишуваат Романците. Медиумoт „Спортњуз.ро“ дури и пишува дека Халеп многу веројатно поради традицијата ќе се омажи за момче од Македонија