Скандал: Tерористи добивале бугарски пасоши

Аферата со издавањето бугарски пасоши доби нов замав откако „Еурактив“ објави дека во неа покрај заменикот премиерот Красимир Каракачанов, се замешани и  министерката Екатерина Захариева  и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Според „Еурактив“ аферата е отворена под притисок на САД  откако американските службеници за спроведување на законот уапсиле неколку Албанци осомничени за тероризам кои поседувале вистински бугарски пасоши. Американските власти, наводно, побарале објаснувања, што ги поттикнало обвинителите да започнат со истрага за Државната агенција за Бугарите во странство пред еден месец.

Петар Бојаџиев, поранешен бугарски дисидент кој живее во Франција, изјавил за овој портал исто така дека за трговијата „пасоши за пари“ биле загрижени и француските власти и дека веќе три години предупредувал за опасните  последици од ваквите активности со пасошите. Бојаџиев го предупредил Ковачев дека она што тој го прави за да ги деблокира барањата за пасоши е незаконско и дека ја информирал за тоа службата за националната безбедност. Бојаџиев рече дека властите во Софија се во паника бидејќи скандалот доби размери на “цунами” и  не може да биде запрен. Според него, бугарското обвинителство има “тони докази” за шемата и тие ќе излезат што поскоро.

Advertisement