Следниот месец во Албанија ќе пристигнат над 40.000 дози вакцини од „Фајзер“ 

Министерката за здравство Огерта Манастирлиу најави дека според договорот со „Фајзер“, повеќе од 40 илјади дози од анти- ковид вакцината ќе пристигнат во Албанија во текот на следниот месец. Додаде дека остатокот од вакцините од овој договор или околу 460 илјади дози ќе започнат да пристигнуваат на почетокот на јули според планот спораката треба да заврши во поседното томесечие од годинава.

Според министерката, следниот временски период ќе биде покриен со вакцини обезбедени од механизмот Ковакс и со преговори со други компании што ги води албанската влада. Добра вест. Со авансно плаќање од 3,9 милиони долари, Албанија е во првиот прозорец за обезбедување на анти – ковид вакцини преку механизмот Ковакс, напиша Манастирлиу на статус на Фејсбук. Во меѓувреме во земјата продолжува трендот на раст на новозаразени со Ковид-19, кој во Албанија е присутен по новогодишните и божиќните празници.

Вчера беа регистрирани нови 786 случаи, што е над 22 отсто од тестраните, починаа седум лца а оздравеа 489 лица. Поради тоа и понатаму во сила е одлуката за полициски час кој треа е од 22:00 до 6:00, забраната за летови со Велика Британија и продолжување на онлајн настава на универзитетите и покрај доставената петиција на студентите со која бараат настава со физичко присуство.