Словенија ќе се формира владин совет за етничките групи од поранешна Југославија

 

Словенечкиот Парламент денеска, во прво читање, го усвои Предлог-законот за признавање одредени колективни права на малцинствата од поранешна Југославија, но за нив не е предвидена заштита каква што уживаат унгарското и италијанското малцинство. Предлог-законот се однесува на културните права на етничките групи, област која сега е под надлежност на одделот за културна различност и човекови права при Министерството за култура.

Законскиот предлог, усвоен со 36 гласа „за“ и 23 „против“, предвидува формирање на Владин совет за етничките групи од поранешна Југославија, како постојано тело со кое ќе претседава министерот за култура, а кое би објавувало повици за поднесување барања и би доделувало буџетски средства за културни активности на малцинските организации.

Advertisement