СМК апелира до Македонците по род со хрватско државјанство да ја поддржат кандидатурата на Маријана Петир за пратеник во Европскиот Парламент

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) апелира до Македонците по род со хрватско државјанство, да ја поддржат кандидатурата на Маријана Петир за пратеник во Европскиот Парламент на престојните избори и нејзината независна листа.

Маријана Петир е голем пријател на Македонија, достојно ги брани неотуѓивите и неприкосновени права на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ и не е член на политичка партија.

Потписите за поддршка на независната листа на Маријана Петир се дават во нејзината канцеларија во Загреб на улица “Звонимирова“ број 17 (влезот од улица) на 8 април 2019 година од 8 до 20 часот.

Изборите за Европскиот Парламент ќе се одржат од 23 до 26 мај 2019 година.

Откако Обединетото Кралство ја напушти ЕУ, бројот на места може да се намали од 751 на 705. Сите места се дистрибуираат меѓу земјите-членки, а Обединетото Кралство имаше 73 места.

Комисијата до Европскиот парламент предложи разликата од 27 места да ги поделат оние земји-членки кои се во релативно неповолна положба. Државите Шпанија и Франција можат да добијат 5 дополнителни места, а Италија и Холандија на три места.

Марјана Петир е носител на почесната титула Македонски сенатор како највисоко семакедонско признание.