СМК и ММДЧП поднесоа кривични пријави против Џафери, Ибраими, Костовски

Светскиот Македонски Конгрес и Македонското меѓународно движење за човекови права поднесоа шест кривични пријави до Основното јавно обвинителство во Скопје, две против претседателот на Собранието Талат Џафери, две против заменикот генерален секретар на Собранието Неџбедин Ибраими и две против директорот на Јавното претпријатие “Службен весник на Република Македонија“ Мартин Костовски.

Кривичните пријави се поднесени за дела: злоупотреба на службената положба и овластување по членот 353, и самовластие по членот 392 од Кривичниот законик на Македонија, затоа што спротивно на Устав и Закон, во “Службен весник на Реоубкика Македонија“ ги објавија Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас без потпис на указот за нивно прогласување од претседателот на Република Македонија!

Светскиот Македонски Конгрес и Македонското меѓународно движење за човекови права очекуваат јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против претседателот на Собранието Талат Џафери, заменикот генерален секретар на Собранието Неџбедин Ибраими и директорот на Јавното претпријатие “Службен весник на Република Македонија“ Мартин Костовски и да побара казна од најмалку пет години затвор и судска мерка забрана на вршење на должности во државната власт поради кривичните дела кои ги сториле! – стои во соопштението на Светскиот Македонски Конгрес и Македонското меѓународно движење за човекови права.

Advertisement