СМК-Канада му честита на ММДЧП за успешното лансирање на кампањата „Нашето име е Македнија”

Светски македонски конгрес – Канада му честита на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) за успешното лансирање на кампањата “НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА” во Скопје, Битола, Тетово, а наскоро и во други градови низ Македонија, заедно со телевизиски и радио реклами, весници и онлајн пропагандни пораки.

Светски Македонски Конгрес – Канада сака да потсети дека на референдумот оддржан на 8-ми септември, 1991 година, со 75% од гласачите, огромно мнозинство од 95% гласаа за независна, слободна и суверена Македонија. Името на државата содржи само еден збор – Македонија, така што никакви додавки или придавки не се дозволени. Македонците во светот бараат безусловен прекин на преговорите за името и членството во Обединетите Нации да продолжи под нејзиното уставно име – Република Македонија.

Цената за влез во ЕУ и НАТО не треба да бидат македонското име и македонскиот идентитет. Македонија мора да ги прекине преговорите за името, идентитетот и ДНК. Ние сме Македонци, не Грци, не Срби, не Бугари, не Словени. Нашето име е Македонија.

Advertisement