
Областа Гора се разбуди под снежна покривка на последниот ден од 2025 година, откако снег ги побеле селата во оддалечените делови на општина Кукс. Снежни врнежи беа регистрирани во неколку населени места во административните единици Запод и Шиштеец.
Иако снегот не предизвика блокади на патиштата, поради неговата мала дебелина, ниските температури значително влијаеја врз регионот. Во градот Кукс утрово беа измерени минус 3, додека во планинските и оддалечени области температурите паднаа и до минус 16 степени.
Екстремниот студ предизвика појава на мраз и слана на коловозите, што ја отежна безбедноста во сообраќајот. Надлежните апелираат возачите да бидат особено внимателни, особено на селските патишта, каде тенок слој снег го покрива мразот на асфалтот.
Мраз и снег се забележани и на главните патни правци, жителите од планинските села велат дека зимите во овие области традиционално се многу студени, но посочуваат дека во последните години ретко се соочувале со толку ниски температури и обилни зимски услови.
Во меѓувреме, договорните фирми се постојано на терен и работат на расчистување и посолување на патиштата со цел да се одржи нормален и безбеден сообраќај.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden